БЕСПЛАТНА МОБИЛНА АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ПРОБЛЕМИ СО СТАРТУВАЊЕ ИЛИ ДЕФЕКТ/ИСПРАЗНЕТОСТ НА АКУМУЛАТОРОТ ИЛИ СИСТЕМОТ НА ПОЛНЕЊЕ ЗА СИТЕ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД COVID19

БЕСПЛАТНА МОБИЛНА АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ПРОБЛЕМИ СО СТАРТУВАЊЕ ИЛИ ДЕФЕКТ/ИСПРАЗНЕТОСТ НА АКУМУЛАТОРОТ ИЛИ СИСТЕМОТ НА ПОЛНЕЊЕ ЗА СИТЕ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ОД COVID19

Во услови на глобална пандемија предизвикана од вирусот COVID19, Батери Еволушн дооел Скопје, генерален увозник и дистрибутер за акумулаторите Exide, Rombat, Hagen, Sonnenschein… како дел од ланецот на неопходни бизниси кои треба да работат во услови на пандемија (ESSENTIAL BUSINESS) ќе нуди бесплатна МОБИЛНА помош и асистенција при проблеми со стартување на вашиот автомобил, дијагностика на акумулаторот и системот за стартување, посредување при брз и сигурен сервис или продажба преку продажната мрежа за СИТЕ жители на град Скопје.

Во услови кои налагаат да останеме дома за превенција и заштита на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски, автомобилите ќе останат подолго време во состојба на мирување.


Во такви услови по подолго мирување на возилата први на удар ќе бидат системот за стартување и акумулаторот кој по природа одкако е еднаш ставен во функција по натамошни подолги мирувања доведува до самопразнење и можен проблем при првото стартување.


Во зависност од времетраењето на мирувањето, температурите, видот на акумулаторот, староста,  дел од акумулаторите ќе изгубат од својот капацитет заради перманентното мирување и затоа ќе имаат  потреба од помош при првото стартување или замена на веќе дотраените акумулатори.

Еден вид превентива е палење на вашите автомобили на 1-2 дена и работа на истиот од  5-10 минути.

За сите кој немаат ваква можност мобилна екипа на БАТЕРИ ЕВОЛУШН со специјална заштитна опрема ќе врши бесплатна асистенција за стартување на возилото, дијагностика на акумулаторот и системот за стартување, сервис или потреба за промена со нов преку дистрибутивната мрежа на територија на град Скопје. На еден од следниве броеви можете да повикате мобилна служба која ќе ви помогне да го стартувате вашиот автомобил и да ги завршите вашите неодложни обврски :
078/31-22-20
078/31-22-19

За дополнителни информации можете да го посетите сајтот exide.mk

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија