ИНДУСТРИЈАТА ЗА АКУМУЛАТОРИ И БАТЕРИИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА НА ПАНДЕМИЈА Е ОЗНАЧЕНА КАКО НЕОПХОДНА ВО ЛАНЕЦОТ ЗА БОРБА И СПРАВУВАЊЕ СО ВИРУСОТ COVID19 – (ESSENTIAL BUSINESS)

ИНДУСТРИЈАТА ЗА АКУМУЛАТОРИ И БАТЕРИИ ВО ОВИЕ ТЕШКИ ВРЕМИЊА НА ПАНДЕМИЈА Е ОЗНАЧЕНА КАКО НЕОПХОДНА ВО ЛАНЕЦОТ ЗА БОРБА И СПРАВУВАЊЕ СО ВИРУСОТ COVID19 – (ESSENTIAL BUSINESS)

Индустријата за акумулатори и батерии во овие тешки времиња на глабална пандемија е означена како суштински потребна во ланецот за борба и справување со вирусот COVID19 – (essential business), обезбедувајки ги со енергија за непречено работење  сите потребни возила на итните служби, комерцијалните возила и складови за достава на лекови и храна, болниците, дополнителните помошни медицински објекти, опремата и апарати

Светските совети за справување со пандемијата, знаејки дека во оваа индустрија и во нормални услови мерките за заштита на вработените се на високо ниво, со цел да недојде до дефицит на батерии и акумулатори како суштински дел за генерирање на енергија за здравствените установи  итни и дистрибутивни служби, одлучија дека големите фабрики и продажни центри во Светот(со мал исклучок), треба да продолжат со работа, при специјални мерки за заштита на вработените.

Иако со намалена глобална побарувачка во моментот, на долг рок не треба да стравуваме за недостиг од акумулатори и батерии на пазарот, екстремно лоши економските последици,  негативни економските резултати или отпуштање на вработените.

Првите луѓе на Exide, Leoch, Enersys, Bosch…  изјавија дека иако побарувачката за ОЕМ првично вградување ќе биде намалена, сепак се среќни што ќе може да се произведува за оние корисници кои веќе користат  нивни производи и ќе помогнат да ги одржат автомобилите, комерцијални и возилата на итните служби спремни за извршување на сите потреби.
Со тоа оваа индистрија ќе биде една од најмалку погодените и ќе придонесе за помош на останатите!

Г-дин Tим Варго, првиот човек на Exide technоlogies group на глобално ниво за “batteriesinternational.com” изјави дека мотото на Exide во овие тешки моменти и “Сите сме заедно во ова” и Exide е целосно вклучен во борбата против тешкиот вирус.
Основен приоритет во овие услови е заштита на луѓето кои мора да бидат во производствените капацитети и во ланецот на продажба и дистрибуција, што за среќа е веќе стандард во сите капацитети на Exide во последните години и втора цел е брза и навремена реакција кон сите итни потреби од институциите и луѓето кои директно се борат со глобалната пандемија.

Во Македонија, “Батери Еволушн” како еден од најголемите увозници на акумулатори во земјата, располага со моментален лагер над 4000 акумулатори од брендовите Exide, Hagen, Rombat, Sonnenschein, Marathon, Powerfit, Unibat.. и во специјални услови за работа и со високи стандарди за заштита на дежурните служби ги покрива потребите на сите институции, транспортни компании, производители, фабрики и физички лица кои имаат неодложна потреба за акумулатори и батерии, притоа цените остануваат непроменети со дополнителни поволности при дистрибуција, услови на плаќање и сервис.

ИЗВОР: www.batteriesinternational.com

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија