EXIDE Heavy Strong Pro HVR+EFB – Најновите акумулатори за комерцијални возила од EXIDE technologies, дел од најпознатата рели трка DAKAR 2020!

EXIDE Heavy Strong Pro HVR+EFB – Најновите акумулатори за комерцијални возила од EXIDE technologies, дел од најпознатата рели трка DAKAR 2020!

Во екстремни пустински услови, огромни температурни дневни и вечерни разлики единствено Exide Strong Pro се покажа како вистински извор на максимална енергија.

Во соработка со врвните производители на комерцијални возила како Scania, Iveco, Jcb, Man…Exide за прв пат на пазарот нуди акумулатор кој во едно ги содржи трите најважни перформанси за потребите на најновите ЕУР6 возила и тоа : Можноста за длабоко празнење и брзо самополнење при подолги паузи(Carbon boost effect), висока отпорност на вибрации(HVR) и висока стартна моќ(CCA) за лесно стартување при екстремни температури.

Carbon boost – ефектот е патентирана технологија која Exide ја создаде првично за возилата со Старт-Стоп погон со што на негативната оловна плоча на акумулаторот се нанесува специјален слој на јаглерод кој е најголем спроводник со што му се овозможува на акумулаторот да има лесен и брз проток на енергија, а со тоа нивото на напон се одржува на повисоко ниво од другите акумулатори и се заштитува од длабоко празнење.

HVR – High Vibration Resistant, или високо отпор на вибрации е уште една патентирана технологија која е креирана со цел да се намалат вибрациите кои акумулаторите ги трпат со воведување на AdBlue катализаторот позицијата на акумулаторите на новите ЕУР5 и ЕУР6 е во задниот дел каде вибрациите/потресот е многу поголем, а со тоа и ризикот од краток спој и дефект на акумулаторот.

CCA – Високата стартна моќ му овозможува на акумулаторот лесно да стартува по направени редовни паузи и при екстремни временски услови.

Со овие перформанси Exide Strong Pro моделите се користат во најновите возила со најекстремни потреби за енергија и се единствени потврдени и соодветни акумулатори за оригинална фабричка инсталација и долг животен век.

Заедно со оваа најопфатна гама на производи за комерцијални возила, EXIDE го лансираше најновиот и единствен ГЕЛ акумулатор специјализиран за 24тонски возила кои се користа само на долги релации, со многу паузи, многу потрошувачи и потреба од енергија и најважно длабоко празнење и најмногу циклуси.

Exide Endurance Pro+GEL во Македонија е веќе достапен и тоа оди со најдолга гаранција од 30 месеци со што на рок од 3-5 години се заштедуваат минимум 4 обични акумулатори или до 400%.

Овој акумулатор важи за иднината на акумулаторската индустрија во комерцијалниот сектор во Европа.

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија