News

: Latest news and promotions

pixelmk-exide-premium-carbon-boost-energija-bez-kompromis-46147.png

12/20/2016

Exide Premium Carbon Boost - Енергија без компромис!

Exide е единствен бренд во Македонија кој во својата понуда ги опфаќа сите потреби за акумулатори на пазарот како за патничките, така и за разните теретни, агро, кампери, пловни и електрични возила, па дури и за воена опрема како тенкови и транспортери.

Exide со "EXIDE Start-Stop AGM Carbon" акумулаторите e исто така единствен бренд на пазарот кој нуди ОЕМ (оригинални) акумулатори за најновата генерација на Start-Stop возила на пазарот со гаранција од 40 месеци.

Акумулаторите на овој американски бренд се користат како прва, оригинална инсталација кај скоро сите автомобилски брендови: BMW, Alfa Romeo, Fiat, Volkswagen, Audi, Seat, SkodaRenault, Peugeot, Citroen, Toyota, Kia, Hyundai, Ford, Iveco, Volvo Trucks, Scania, JCB, Claas и многу други. Сите акумулатори се произведени во согласност со најновите технологии и во потполност одговараат со квалитетот на оригиналните резервни делови. Единствено се произведуваат во најсовремени фабрики во Германија, Италија, Шпанија и Норвешка.

Exide Premium Carbon Boost акумулаторите нудат високо-концентрирана моќ како резулта на успешното комбинирање на големиот резервен капацитет и големата стартна енергија во еден производ. Големиот напредок во процесот на производството и извонредниот квалитет на основните материјали како краен резултат го има акумулаторот чии предности се:

- Eкстремно висока стартна моќ при многу ниски или високи температури (+30%)
- До 4 пати поголема трајност (над 8 години) од стандардните акумулатори благодарение на Carbon boost ефектот
- Нема потреба од одржување, херметички затворен акумулатор
- Ca-Ca технологија, Carbon Boosted ефект за двојно поголема спроводливост
- Tестиран на дури -30 степени Целзиусовипо највисоките ADAC тестови
- За возила со највисоко ниво на опременост, со многу стартувања при кратки релации (gps, bose, audio, taxi, phone…)
- Висока отпорност на чести полнења и дополнувања

Premium Carbon Boost, благодарение на иновацијата од EXIDE со воведување на CARBON адитив на самите плочи за зголемена спроводливост, има поголема ефикасност во полнењето и се полни до 1.5 пати побрзо од стандардните акумулатори. Имајќи предвид дека проблемите со автомобилот најчесто се предизвикани од проблемите со акумулаторот, брзото полнење значително го намалува ризикот од проблемите со автомобилот што му помага на акумулаторот подолго да го задржи здравото ниво на полнење.

Exide_bike_reklama.png

4/27/2016

Мото пазарот во Македонија добива премиум мото акумулатори по пристојни цени

Светски познатиот бренд на акумулатори Exide од оваа сезона започнува со продажба на акумулатори за мото сегментот во Македонија.

Exide акумулаторите се наменети за широк спектар на возила вклучувајќи мотоцикли, скутери и квадови. Линијата на Exide акумулатори за мотоцикли се поделени на три сегменти кои обезбедуваат зголемување на перформансите и технолошките иновации. Тие се дизајнирани да ги задоволат потребите на различните корисници. Линијата е дизајнирана за да овозможи сигурен старт, повеќе флексибилни опции за инсталација, и подолг живот од традиционалните акумулатори.

"Factory Sealed" програмата е достапна во "AGM" или "Gel". Двата типа на акумулатори не бараат полнење со киселина или оддржување, истовремено тие нудат одлични перформанси дури и во екстремни услови. Exide „Factory Sealed Gel“ е дизајниран за мотоцикли со високи перформанси како и мотоцикли со електрична инсталација која има поголема потрошувачка (греачи во седиштето, ГПС уреди...) Гел технологијата е пронајдок на „Exide“, а сега важи за златен стандард во индустријата.

Преку апликацијата Tech Dock можете он-лајн да проверите кој акумулатор му одговара на вашиот мотоцикл.

"Exide" ги произведува и акумулаторите од програмата на "AGM" за кои не треба никакво оддржување. Тие се идеални за повеќето мотоцикли, вклучувајќи ги и поголемите скутери. Традиционалните акумулатори на „Exide“ се дизајнирани за употреба во постари модели на мотоцикли или мотоцикли со помала потрошувачка на струја.

exide-premium-carbon-boost-600x369.jpg

11/20/2014

Пристигна новиот Exide Premium Carbon Boost акумулатор!

Новиот премиум акумулатор на Exide од денес е достапен кај сите дистрибутери на брендот низ Македонија!

Новиот Exide Premium Carbon Boost ветува значително побрзо полнење,а тоа се должи на новата Carbon Boost технологија – важен пронајдот од погоните за истражување и развој на Exide. Технологијата е првенствено развиена за Start-Stop AGM и EFB акумулаторните, а се базира врз долгогодишното искуство, истражување и експериментирање. Уникатниот јаглероден адитив придонесува кон подоброто полнење и значително намалување на времето потребно за полнење.

Стандардните акумулатори страдаат од наталожување на сулфатни честички на негативните плочки за време на празењето. Овој не-спроводлив слој го отежнува повторното полнење бидејќи значителен дел од енергијата се троши на чистење на сулфатниот талог. Exide дојде до иновација, односно одредени јаглеродни адитиви кои значително ја подобруваат спроводливоста. Овој ефект го забрзува растворувањето на сулфатните честички и благодарение на тоа, и подобро полнење.

Premium Carbon Boost акумулаторите се предвидени за најдобрите возила со моќни мотори и многу опрема. Идеални се за возења со често застанување, како и кратки патувања кои се вообичаени за урбаното возење, како и за возење во екстремни температури. Новиот продукт нуди 30% повеќе стартна сила и е најнапреднатиот конвенционален акумулатор на пазарот.

Новиот Carbon Boost e oригинален резервен дел ОЕМ(фабрички акумулатор) во BMW, VW, Audi, Porsche, Seat, OPEL, Mercedes, Fiat, Alfa Romeo, JEEP, KIA, Mazda, Toyota, Peugeot, Citroen, Renault……

Новите Exide Premium Carbon Boost веќе се достапни кај нашите дистрибутери.

601026_185008794994886_912343485_n.jpg

9/18/2013

EXIDE EXPERT HVR

Пристигна најновиот товарен комерцијален програм од Ексајд!

2(ДВЕ) ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА ЕДИНСТВЕН ВО Р.МАКЕДОНИЈА

- EXIDE HVR или Висок Отпор на Вибрации е најнова гама од Ексајд направена во соработка со врните производители на товарни возила SCANIA, MAN, VOLVO,IVECO,RENAULT TRUCKS,MERCEDES TRUCKS... Новата HVR® гама е единствена која ги пресретнува најновите европски стандардни во комерцијалниот теретен сегмент на акумулаторската индустрија.

ПЕРФОРМАНСИ

  • Херметички затворен, Maintenance free(Целосно без одржување)
  • Патентирана технологија за многу поголема отпорност од вибрации на патот
  • Еуро 4 супериорна опрема
  • Екстремни високи и ниски температури
  • Многу чести стартувања секој ден
  • Долги дестинации
  • Original Equipment Technology & Quality.
  • 100% фабрички акумулатор во VOLVO,MAN,SCANIA,IVECO...
  • 2(ДВЕ) години гаранција единствен во Р.Македонија

 

ДОСТАПЕН ВО:

  • 110 Ah
  • 120 Ah
  • 145 Ah
  • 185 Ah
  • 235 Ah

 

Share with friends

Auto / Truck / Moto / Sales network / Calculator / News & promotions / Contact

Copyright 2013 Exide Batteries