EXIDE PREMIUM*** CARBON BOOST нуди високо концентрирана енергија, која се должи на успешната комбинација на голем резервен капацитет и висока стартна струја во еден производ и двојно побрзо самополнење.
Со новиот “Carbon Boost” Exide воведе уште една иновација со која ја унапреди и ja зголеми моќта на својата гама производи.
Над 50% побрзо самополнење и 30% поголема стартна струја резултираат со уште ДВОЈНО продолжен животен век на Премиум класата на Ексајд.Оваа технологија ја патентиравме во оригиналните акумулатори и пионери во Старт-стоп сегментот AGM и EFB.
Новиот Премиум е усовршен за Екстремни услови, моќни дизел и бензински возила, со најмодерна тјунинг опрема и интензивно градско возење. Новиот продукт нуди 30% повеќе стартна сила и е најнапреднатиот конвенционален акумулатор на пазарот.
Просекот на новиот Премиум е 7 години !!!
Што е Carbon boost (Јаглероден адитив) ?
Стандардните акумулатори страдаат од наталожување на сулфатни честички на негативните плочки за време на празењето. Овој не-спроводлив слој го отежнува повторното полнење бидејќи значителен дел од енергијата се троши на чистење на сулфатниот талог. Exide дојде до иновација, односно одредени јаглеродни адитиви кои значително ја подобруваат спроводливоста. Овој ефект го забрзува растворувањето на сулфатните честички и благодарение на тоа, и подобро полнење и константна моќ на акумулаторот како кога е купен !
Главни предности:
- 30% екстра стартна енергија тестиран на -30степени
- 2 пати побрзо самополнење за максимум ниво на енергија
- 3 пати подолг животен век во споредба со стандардните акумулатори
- Целосно херметички затворен(maintenance free)
- Создаден за екстремно ниски и екстремно високи температури
- Отпорен на вибрации и секојдневни интензивни возења
- 15000 загарантира стартување(обичните имаат 4000)
- Идеален за високо опремени возила со моќни дизел и бензински мотори и многу електрични потрошувачи(exclusive line)
- Оригинален резервен дел ОЕМ(фабрички акумулатор) во BMW, VW, Audi, Porsche, Seat, OPEL, Mercedes, Fiat, Alfa Romeo, JEEP, KIA, Mazda, Toyota, Peugeot, Citroen, Renault……
- 100% ги покрива фабричките модели на акумуалатори во Светот.