Exide technologies group USA е американска компанија – основач, пионер во иновација и производство на акумулатори во Светот.

Основана е во далечната 1888 година од светски познатите научници Томас Алфа Едисон и В.В. Гибс.Името Exide е дело токму на овие научници кои кога ја создале првата кутија која складира енергија ја нарекле EXcellent oxide или подоцна EXIDE.Од тогаш па до денес Exide е носител на светската акумулаторска индустрија. Со операции во 88 земји и над 15000 вработени “Exide technologies” е најголем производител на акумулатори и индустриски батерии во светот.Богатата историја во Америка му овозможи да создаде и светска доминација.”Exide technologies group”е сопственик на престижните светски брендови:

  • Battronic (Canada), BIG (UK)
  • Sonneschein (Germany)
  • Sonnak (Norway)
  • Tudor (Spain)
  • Ceac (France, Fiat Group), Fulmen batteries
  • Deta (Germany)
  • Hagen (Germany)
  • GNB Technologies (US)

Со над 5000 производи и 53% од пазарот Exide е прво име во иновација, дизајн, производство и маркетинг на акумулатори во светот.

Exide во соработка со најголемите светски автомобилски групации е иноватор на AGM (absorbet glass metal) технологијата, Спирал, ГЕЛ, и најновата и најазначајна за автомобилската индустрија START-STOP технологија со која направи чекор понапред во светската историја на акумулатори.

Exide акумулаторите се користат како ОЕМ прва, оригинална инсталација кај следните произведувачи на автомобили и товарни возила : VW, Audi, Seat, Porsche, Fiat, BMW, Alfa Romeo, Renault, Toyota, Ford, KIA motors, Peugeot, JEEP, Mazda,Volkswagen, Iveco, Volvo Trucks, Scania, JCB, Claas,John Deer, MAN… итн.

Прозводството на акумулатори во Европа е поделено во 6 фабрики :

  • Италија – Exide batteries Original
  • Германија – HAGEN, DETA и Sonnenschein
  • Франција – Fulmen
  • Шпанија – Tudor
  • Полска – Centra
  • Норвешка – Sonnak

Сите акумулатори се сертифицирани како ОЕМ(original equipment matching) оригинални резервни дело со што се единствени на пазарот на акумулатори во Европа.

Exide technologies group е поделен на 2 засебни бизнис сегменти:

  • Transportation unit : Задолжен за првично оригинално вградување во автомобилските производители и пост проджа на резервни ОЕМ акумулатори за автомобили(конвенционални и Старт-Стоп), Лесни и тешки товарни возила, агро механизација, електрични возила, вилушкари, градежна механизација, пловни возила, камп приколки и специјални возила(воени, полиција, Амбулатни)
  • Industrial unit : Задолжен за оригинално вградување и постпродажба на резервни за communication, alarms, solar systems, uninterruptible power supplies for power plants, telecommunications, railways and military equipment (Stationary).

Следејки и служејки им на светските лидери во производство на автомобили, товарни возила специјални апликации Exide го определи светскиот пат на акумулаторската индустрија !!!

Се користат најнови технологии во производството на акумулатори:

  • Со течен електролит Ca – Ca
  • AGM
  • AGM со спирални келии
  • GEL
  • VRLA

EXIDE ИТАЛИЈА

Фабриката во Италија, која е една од најзначајните во Европа, се наоѓа во Romano di Lombardia (Bergamo), каде што се основани и лаборатории за истражување и развој. Таму е развиена технологијата “expanded metal”, која што сега се користи во сите Exide фабрики, како и STS технологијата (Sealed Technology Safe), која што ја користат автомобилските индустрии како: Fiat, BMV, General Motors, PSA, VV, Renault…

Значајни проекти се започнати и иницирани во областа на електричните возила, каде што Exide е светски лидер. Exide Italy има соработувано и со престижните универзитети од Болоња и Торино за развој на технологијата “Dryfit Drysafe”. Веќе неколку типови на хибридни и електрични возила се опремени со овој тип на технологија.

БАТЕРИ ЕВОЛУШН - EXIDE МАКЕДОНИЈА

Exide акумулаторите се присутни во Македонија од 2008 година.

  • “БАТЕРИ ЕВОЛУШН” Дооел е ексклузивен увозник и дистрибутер на “Exide technologies group” за Р.Македонија.
  • Адреса: Ул.”3та Македонска ударна бригада” бб, Комплекс “Раде Кончар”, Општина Аеродром, 1000 Скопје
  • Email: contact@exide.mk | manager@exide.mk | Тел. 078/31-22-20, 078/31-22-19

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2017 Exide акумулатори - Македонија