Exide со втора генерација на акумулатори со CARBON технологија

Exide со втора генерација на акумулатори со CARBON технологија

Exide ја лансираше најновата генерација Carbon Boost 2.0 технологија за своите Premium и Start-Stop EFB акумулатори. Новите модели дебатираa на познатиот саем за оригинални резервни делови – Autopromotec Bologna, на крајот на Mај.

Carbon Boost е уникатно, оригинално ОЕМ решение дизајнирано од Exide во соработка со најголемите производители на автомобили. Новиот Carbon Boost 2.0 ќе ги однесе перформансите на повисоко ниво. Иновативната технологија користи усовршени јаглеродни адитиви кои комбинираат оптимална површинска структура со значително подобра спроводливост. Тоа овозможува подобар струен проток во акумулаторот, што резултира со подобрено прифаќање на полнењето, особено при кратки релации. Исто така, помага да се раствораат оловните сулфати, кои обично се таложат на негативни плочи за празнење на акумулаторот, намалувајќи ја способноста за ефикасно повторно полнење. Што значи со оптимизирање на јаглеродните адитиви, се зголемуваат перформансите и капацитетот за полнење, се подобрува намалувањето на талогот на оловни сулфати и со тоа се постигнува поефикасно полнење и зголемена трајност над 50%.

Ревидираната генерација на акумулатори ги зема предвид и новите регулативи на ЕУ кои се однесуваат на хомологациско тестирање на возилата. Затоа процесот на полнење на акумулаторите изнесува само 8 % од целиот циклус на испитување, во споредба со празнењето кое се одвива во текот на преостанатото време. Ова осигурува голем процент од почетната состојба на напонот да е задржан, со цел да се превенира произведувачите на автомобили да се изложат на казни доколку се надминат вредностите на одредени прагови.

Заострените нови регулативи на ЕУ ја ограничија емисијата на CO2 на 95 g/km во испитувањето за хомологација на возила до 2021 година. Новиот глобален протокол за испитување WLTP за прв пат го мери губењето на капацитетот на батеријата во текот на испитувањето и го претвора во еквивалентно потрошено гориво и СО2 емитирано од автомобил. Со други зборови, батеријата треба да задржи голем процент од својот почетен капацитет, за да им помогне на производителите на автомобили да избегнат да бидат казнети кога поминуваат одредени прагови. Решенијата на Exide се дизајнирани за да обезбедат највисоко можно обновување на енергија за кратко време. Технологијата Carbon Boost 2.0, која сега е вклучена во новиот Exide Start-Stop EFB (enhanced flooded batteries), постигнува исклучително динамично прифаќање на полнењетo.


Во споредба со претходните Start-Stop EFB генерации, за исто време се обновува 75% повеќе енергија. Ова му овозможува на новиот Exide Start-Stop EFB опсег да ја користи регенеративната енергија од кочењето во многу поголема мера и затоа придонесува во исполнувањето на новите вредности за емисијата од возилата.

Мајкл Гајгер, потпретседател на продажба и маркетинг во Exide Technologies, EMEA, потврди: „Еxide отсекогаш бил на чело на иновативноста кај батериите. Влијанието на Carbon Boost 2.0 се протега многу подалеку од оригиналната инсталација во нови возила. Придобивките се подеднакво испорачани кај нашите потрошувачи од постпродажба преку оваа уникатна технологија, која е нова за EFB и е надградена во нашите Exide Premium Carbon – модели”.

Високиот динамички прием на полнење за EFB и побрзото повторно полнење за Premium Carbon акумулаторите генерираат голем број на дополнителни предности. За новата EFB понуда на Exide вградена во автомобили со регенеративно кочење (имајќи предвид дека во фаза на кочење, времето е ограничено на неколку секунди), Carbon Boost 2.0 овозможува батеријата да прифати поголема струја на полнење, што резултира батеријата да остане на повисоко ниво на наполнетост (SoC). На тој начин е осигурено дека старт-стоп системот не е оневозможен од системот за управување со батеријата, но продолжува да обезбедува заштеда на гориво и намалена емисија на CO2 во текот на времето.

Exide Premium со Carbon Boost 2.0 за автомобили со конвенционален погон сега полнат двојно побрзо во споредба со другите стандардни акумулатори. Со одржување на здрава состојба на наполнетост подолго време, целокупниот животен век на акумулаторот се зголемува и ризикот од неисправност е значително намален.

Возачите на автомобили сега можат да уживаат во придобивките од помалите тековни трошоци, благодарение на заштедата на гориво и помалку замени на батериите.

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија