Exide лансира иновативна GEL VRLA технологија за најновите ЕУР6 комерцијални возила!

Exide лансира иновативна GEL VRLA технологија за најновите ЕУР6 комерцијални возила!

 

Како глобален лидер во Светот на акумулатори, за прв пат EXIDE воведува моќна GEL VRLA технологија со длабока цикличност(празнење) во своите акумулатори наменета за најновите високо опремени комерцијални ЕУР6 возила, со продолжена гаранција од 25 месеци и трајност над 5 години.

Во време кога логистиката се соочува со барањата за екстремно брзи и навремени испораки, транспортните компании со цел да го задржат својот статус на сигурни партнери, се ставени во позиција да одговорот без никакви задоцнувања или проблеми со возилата при испорака.

Exide како сигурен партнер повеќе од 130 години во соработка со Светски познатите производители како Scania и Mercedes нуди значително намалување на трошоците за акумулатори, сервис или казни за ненавремена испорака.

Зa ПРВ ПАТ, новите EXIDE GEL Endurance + Pro акумулатори за ЕУР6 возилата нудат висока енергија не само при стартување туку и можност за stand-by користење на акумулаторите со длабоки празнење/цикличност и можност за користење до 100% на енергијата од акумулаторите без притоа да се расипат и по 5,6 години.

Со ова се овозможува долгите транспортни релации да се извршуваат навремено, без несакани паузи, сервиси и трошоци, шоферите да уживаат во можностите кои се нудат во самите возила како GPS, Webasto, TV/Satelite…..и многу други без притоа да одговараат за несакани последици на акумулаторите, како кај обичните.

За разлика од обичните киселински или агм акумулатори кои можат да се празнат или користат до 20% односно 40%, без притоа да се расипат со новите EXIDE GEL акумулатори добивате акумулатори кои подеднакво се користат и во восоконапонски централи, железници, соларни системи и можат да се празнат до 100% во мирување со животен век над 5 години.

Покрај ГЕЛ акумулаторите, Exide како глобален лидер во производство на напредни технологии на акумулатори и сигурен партнер на Scania, Mercedes, Volvo, Man.. исто така нуди и уште 2 други модели на македонскиот пазар и тоа Exide Strong Pro HVR и Exide Strong Pro кои се користат во ЕУР6 и ЕУР5 возилата до 2016 година и се единствени со специјална заштита од вибрации (HVR, high vibration resistance) и голема стартна моќ при градски и долги релации како и најдолги гаранции на пазарот.

Со целокупната понуда на акумулатори за комерцијални возила, Exide е единствен бренд на пазарот во Македонија кој нуди решение за сите комерцијални возила, од најстарите до најнови,напредни и полни со опрема ЕУР6 возила!

Новата EXIDE GEL технологија е развиена во Budingen, Германија, во првата фабрика за гел акумулатори во Светот, Sonnenschein!

EXIDE Акумулатори кои значат сигурен бизнис!

 

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија