Прва Европска тренинг презентација за технолошките достигнувања во светот на акумулаторите предводена од EXIDE акумулатори

Прва Европска тренинг презентација за технолошките достигнувања во светот на акумулаторите предводена од EXIDE акумулатори

На стартот на 2018 година, по повод 130 години постоење на најголемиот бренд на акумулатори во Светот, се одржа првата високо технолошка тренинг презентација каде Exide ги претстави најновите достигнувања и иднината на акумулаторската индустрија.

Идејата на овој настан беше од прва рака и стручно преку менаџерите на Exide од Македонија, Италија, Шведска и Грција да го презентираме преминот од конвенционални кон хибридни или еко возила, причината за тоа, новите технологии и начинот на кој функционираат овие возила и сето тоа од аспект на клучната  улогата на акумулаторите како дел од овие напредни технологии.

Се презентираа клучните фактори кои ги наложи комисијата за заштита на животната средина при Европската унија за намалување на издувните гасови како основа за новите возила, како технолошки функционира Старт-Стоп погонот кај овие возила со и без Regenerative braking, како најдобро да ги едуцираме и  понудиме на купувачите соодветен акумулатор за своето возило и на крај единствената ОЕМ оригинална понуда на Старт-Стоп акумулатори од Exide technologies group кои се одобрени и се користат од сите официјални авто-салони во Македонија и имаат гаранција од 40 месеци.

Воедно беше презентирани и најсовремените Exide Premium Carbon boost, Exide Start-Stop AGM&EFB и за прв пат во комерцијалниот сектор единствени оригинални акумулатори за ЕУР5 и ЕУР6 возила – Exide Strong Pro Hvr со вграден Carbon boost effect и 24 месеци гаранција.

За прв пат во Македонија беше презентиран и Германскиот бренд на акмулатори кој е дел од семејството на Exide – HAGEN Germany(eine marke von Exide)

HAGEN Germany е една од најстарите фабрики за акумулатори и основач на акумулаторска индустрија во Германија, а од 1990 година е дел од престижното Американско семејство на Exide

Со овој подбренд Exide ќе понуди за прв пат во Македонија Германски квалитет и сигурност по доста поволни цени, односно квалитетен акумулатор за сечиј џеб.

На настанот присуствуваа стручни лица од скоро сите официјални авто-салони, дистрибутери, клучните компании и медиуми од автомобилската и најискусните луѓе од акумулаторската индустрија во Македонија.

Со  тоа менаџментот на “Exide technologies group” во Македонија успеа да направи ретроспектива на досегашните достигнувања во акумулаторската индустрија од една страна и да ги презентира новите патиштата по кои ќе се движи модерната и напредна автомобилска индустрија во иднина, се со цел пазарот во Македонија да понуди вистинско и квалитетно решение за крајниот купувач.

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2017 Exide акумулатори - Македонија