HAGEN германските акумулатори пристигнаа во Македонија
  • September 22, 2017

HAGEN германските акумулатори пристигнаа во Македонија

HAGEN е германски производител на акумулатори под капата на познатиот бренд EXIDE, а од неодамна производите од овој бренд се достапни и кај нас.

Компанијата HAGEN постои и произведува батерии од далечната 1910-та година. HAGEN е експерт за индустриски батерии, но своето искуство го пренесува и го користи за производство на високо-квалитетни автомобилски акумулатори.

Целото име на компанијата е HAGEN Batterie AG од Берлин. HAGEN е една од најстарите фабрики за производство на индустриски и стартерни акумулатори, и е основата во 1910-та година кога започнала да произведува акумулатори наменети за подморниците на германската и други морнарици – како во Европа, така и светот. Потоа продолжува со производство на акумулатори за поморски возила, индустриски машини, железници и останатите автомобили и комерцијални возила. Во моментов HAGEN е една од најпознатите компании во Германија за производство на батерии за телекомуникациски и UPS системи.

Во 1995-тата година HAGEN Batterie AG станува дел од EXIDE Technologies Group и се интегрира во Exide семејството. Како дел од Exide Technologies, HAGEN започнува да ги користи најсовремените центри за истражување и развој со кои Exide располага, каде за прв пат беа развиени AGM Start-Stop и GEL Vrla технологиите.

HAGEN Starter акумулаторите се може да се добијат во неколку изведби – STARTER Auto кои ги покриваат сите возила кои се произведени во Европа, STARTER JIS наменети за возилата кои потекнуваат од Јапонија и другите азиски земји, како и STARTER Heavy Duty LWK и SUPER Heavy Duty LKW наменети за големите товарни возила. Сите акумулатори гарантираат одлично стартување и при екстремно ниски температури од -30 степени, и сите акумулатори се произведени во Германија.

Денес, во Германија но и во Европа, HAGEN е синоним за германски квалитет со напредна технологија развиена во соработка со Exide кои можат да се добијат по достапни и привлечни цени. За повеќе информации, посетете ја Facebook страницата на HAGEN Македонија.

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија