- April 27, 2016
Светски познатиот бренд на акумулатори Exide од оваа сезона започнува со продажба на акумулатори за мото сегментот во Македонија.
Exide акумулаторите се наменети за широк спектар на возила вклучувајќи мотоцикли, скутери и квадови. Линијата на Exide акумулатори за мотоцикли се поделени на три сегменти кои обезбедуваат зголемување на перформансите и технолошките иновации. Тие се дизајнирани да ги задоволат потребите на различните корисници. Линијата е дизајнирана за да овозможи сигурен старт, повеќе флексибилни опции за инсталација, и подолг живот од традиционалните акумулатори.
“Factory Sealed” програмата е достапна во “AGM” или “Gel”. Двата типа на акумулатори не бараат полнење со киселина или оддржување, истовремено тие нудат одлични перформанси дури и во екстремни услови. Exide „Factory Sealed Gel“ е дизајниран за мотоцикли со високи перформанси како и мотоцикли со електрична инсталација која има поголема потрошувачка (греачи во седиштето, ГПС уреди…) Гел технологијата е пронајдок на „Exide“, а сега важи за златен стандард во индустријата.
Преку апликацијата Tech Dock можете он-лајн да проверите кој акумулатор му одговара на вашиот мотоцикл.
“Exide” ги произведува и акумулаторите од програмата на “AGM” за кои не треба никакво оддржување. Тие се идеални за повеќето мотоцикли, вклучувајќи ги и поголемите скутери. Традиционалните акумулатори на „Exide“ се дизајнирани за употреба во постари модели на мотоцикли или мотоцикли со помала потрошувачка на струја.