Пристигна новиот Exide Premium Carbon Boost акумулатор!
  • November 20, 2014

Пристигна новиот Exide Premium Carbon Boost акумулатор!

​Новиот премиум акумулатор на Exide од денес е достапен кај сите дистрибутери на брендот низ Македонија!

Новиот Exide Premium Carbon Boost ветува значително побрзо полнење,а тоа се должи на новата Carbon Boost технологија – важен пронајдот од погоните за истражување и развој на Exide. Технологијата е првенствено развиена за Start-Stop AGM и EFB акумулаторните, а се базира врз долгогодишното искуство, истражување и експериментирање. Уникатниот јаглероден адитив придонесува кон подоброто полнење и значително намалување на времето потребно за полнење.

Стандардните акумулатори страдаат од наталожување на сулфатни честички на негативните плочки за време на празењето. Овој не-спроводлив слој го отежнува повторното полнење бидејќи значителен дел од енергијата се троши на чистење на сулфатниот талог. Exide дојде до иновација, односно одредени јаглеродни адитиви кои значително ја подобруваат спроводливоста. Овој ефект го забрзува растворувањето на сулфатните честички и благодарение на тоа, и подобро полнење.

Premium Carbon Boost акумулаторите се предвидени за најдобрите возила со моќни мотори и многу опрема. Идеални се за возења со често застанување, како и кратки патувања кои се вообичаени за урбаното возење, како и за возење во екстремни температури. Новиот продукт нуди 30% повеќе стартна сила и е најнапреднатиот конвенционален акумулатор на пазарот.

Новиот Carbon Boost e oригинален резервен дел ОЕМ(фабрички акумулатор) во BMW, VW, Audi, Porsche, Seat, OPEL, Mercedes, Fiat, Alfa Romeo, JEEP, KIA, Mazda, Toyota, Peugeot, Citroen, Renault……

Новите Exide Premium Carbon Boost веќе се достапни кај нашите дистрибутери.

ИМАТЕ ПРАШАЊА ?КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

© Copyright 2019 Exide акумулатори - Македонија